Гугл отвара продавница за сите свои производи во Њујорк

Објавено на 21.05.2021 во Новости



Гугл отвара продавница за сите свои производи во Њујорк

Гугл официјално објави дека ќе ја отвори својата прва малопродажна продавница во Њујорк, каде што веќе има и голема регионална канцеларија со 11.000 вработени. 

„Во продавницата на Гугл, клиентите ќе може да купуваат широк избор на производи од Гугл, почнувајќи од Пиксел телефоните, до Нест производите, Фитбит и Пикселбукс“, изјави потпретседателот на Гугл, Џејсон Розентал.

Сите производи ќе може да се купуваат исто така и онлајн преку Гуглстор (GoogleStore.com) и да ги подигнат своите нарачки во продавницата.