Шефот на НАСА им честиташе на Кинезите за првите фотографии од Марс

Објавено на 21.05.2021 во Новости



Шефот на НАСА им честиташе на Кинезите за првите фотографии од Марс

Кина е втората земја во светот што успешно го слета својот ровер на површината на Марс, после САД. Претходно Кинезите имаа неуспешен обид за испраќање на леталото во орбитата околу Црвената планета и тоа до 8 ноември, 2011 година. 

„Честитки за Кинеската национална вселенска агенција за првите фотографии од Роверот Zhurong од Марс. Како што расте меѓународната заедница на роботски истражувачи на Марс, САД и светот се радуваат на откритијата што Zhurong ќе ги направи во подобрувањето на човечкото знаење за Црвената планета. Се радувам за идните меѓународни откритија, кои ќе помогнат во информирањето и развојот на способностите за спуштање на човечки чизми на Марс“, вели шефот на NASA, Бил Нелсон.

Првите фотографии што ги направил кинескиот ровер Zhurong на Марс го прикажуваат неговиот поглед од платформата на која што слетал и погледот од неговите соларни панели. Кинеските научници се надеваат дека од Zhurong дека ќе успеат да извлечат најмалку 90 дена во целосна оперативна подготовка. Zhurong слетал во областа Utopia Planitia, која претставува огромна територија на северната хемисфера на Црвената планета.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: