Ingenuity е спремен за шестиот лет за соборување нови рекорди

Објавено на 21.05.2021 во Новости



Ingenuity е спремен за шестиот лет за соборување нови рекорди

Ingenuity хеликоптерот на НАСА со секој лет на Марс поставува нов рекорд. Следната недела во план е неговиот шести лет со кој треба да постави два нови рекорда, но и да слета на нова и се уште неиспитана област на Марс. Планот е Ingenuity да се искачи на височина од 10 метри и да лета во правец на југозапад околу 150 метри, каде што би требало да направи низа фотографии во боја. 

Од НАСА истакнуваат дека тие фотографии би требало да ја покажат вредноста на воздушните перспективи на идните мисии. Потоа Ingenuity ќе се врати околу 50 метри североисточно каде што ќе слета и во новата база. Во текот на летот, Ingenuity би требало да постави и два нови рекорда: бризнски рекорд и рекорд во траењето на летот.





Прочитајте повеќе: