Кинезите објавија дека роверот Журонг успешно ја напуштил капсулата

Објавено на 23.05.2021 во Новости



Кинезите објавија дека роверот Журонг успешно ја напуштил капсулата

Моторизираниот кинески ровер со кој што се управува од далечина помина преку рампата на капсулата и се спуштил на Црвената планета. Со тоа Кина стана втората нација што влезе во орбитата, се спушти и покрена возило во својата инаугурална мисија на Марс.

Роверот Журонг е наречен по митскиот кинески бог на ветрот. Тој се возел на површината на Марс во 10.40 часот наутро по пекиншко време. Поранешниот Советски Сојуз спуштил возило во 1971 година, но изгубил комуникација со него неколку секунди подоцна. Журонг тежи 240 килограми, има шест научни инструменти, вклучувајќи ја и топографската камера со висока резолуција, ќе ја проучува земјата и атмосферата на површината на Црвената планета. 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: