Новите очила на Snapchat за проширена реалност имаат футуристички можности

Објавено на 23.05.2021 во Новости



Новите очила на Snapchat за проширена реалност имаат футуристички можности

Snap не се откажува од креирање на очила што ќе го воодушеват светот. После трите верзии на Snapchat Spectacles, кои не поминаа баш најдобро кај јавноста, Snap претстави нов модел на очила што ќе бидат вистински очила со проширена реалност.

Како што покажуваат во текот на презентацијата, главната спецификација на очилата е што може да прикажат 3D ефекти во реалниот свет, безжични се и ги следат движењата на рацете што може да се протолкуваат како гестови. Snap вели дека очилата ќе може да покренуваат ефекти со проширена реалност за камерата, кои ќе се нарекуваат Lenses, кои ќе може да се искористат за играње видео игри во проширената реалност. Исто така, ќе може да снимаат видео со две RGB камери што имаат 115 степени широко видно поле.