Загрозени 100 милиони Android корисници поради грешка во поставките

Објавено на 25.05.2021 во Android



Загрозени 100 милиони Android корисници поради грешка во поставките

Безбедносните експерти предупредуваат за големото протекување на лични податоци од Google Play Store. Тоа би можело да загрози дури 100 милиони корисници на Android. Засега не откриваат злоупотреба на тие податоци, но предупредуваат дека е само прашање на време кога некои хакери ќе ја искористат таа ранливост и ќе направат многу штета. 

Податоците станаа ранливи поради целата криза на погрешните конфигурации на услуги во облакот што го овозможуваат трети страни. Експертите од компанијата за компјутерска безбедност, Check Point, потврдуваат дека се загрозени повеќе апликации, кои се меѓу најпопуларните во Google Play продавницата, а до загрозувањето дошло оти апликациите користеле незаштитени база на податоци. Некои од потенцијално опасните апликации откриени од Check Point се: Logo Maker, Astro Guru, Screen Recorder и iFax.

Автор: Aleksandar Stankov