Huawei на 2 јуни се очекува да го претстави оперативниот систем Harmony
Објавено на 26.05.2021 во Android
Huawei најави дека на 2 јуни ќе претстави сопствен оперативен систем за смартфони - Harmony. Тоа значи и последен поздрав за користењето на Android на новите Huawei смартфони. За корисниците што веќе имаат Huawei смартфони со Android не би требало да има промени.
Се уште останува нејасно дали истовремено ќе претстават и нови смартфони, кои воедно би го користеле новиот систем, или тоа ќе го остават за друга дата.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.