Google конечно го лансира својот нов оперативен систем Fuchsia OS

Објавено на 26.05.2021 во Новости



Google конечно го лансира својот нов оперативен систем Fuchsia OS

Пред 5 години се појавија првите информации за новиот, мистериозен, оперативен систем на кој работат во Google. Тогаш се знаеше многу малку. Со текот на годините, Google девелоперите привремено покажуваа како Fuchsia OS би требало да изгледа, но немаше никакви информации како би можел да стане достапен за јавноста.

Google објави дека Fuchsia OS тргнува кон светот. Надградбата на новиот оперативен систем прво ќе ја добијат првите генерации на Google Nest Hub уредите лансирани од 2018 година. Корисниците на Nest Hub веројатно нема ниту да забележат дека нивните уреди се ажурирани на новиот оперативен систем, оти само интерфејсот и искуството на користење на уредот се еднакви. Новиот оперативен систем последниве неколку месеци се тестирал во реални услови, прво преку Preview Program, а потоа станал достапен и за сите корисници. 

Google внимателно ќе го лансира новиот оперативен систем со цел да може навремено да реагира ако дојде до било какви проблеми. Се проценува дека Fuchsia OS прво ќе ги замени досега користениот Linux базиран на Cast OS, кој се користи во смарт домовите.