Xiaomi е отстранет од црната листа, во САД може пак да се тргува со оваа компанија

Објавено на 26.05.2021 во Новости



Xiaomi е отстранет од црната листа, во САД може пак да се тргува со оваа компанија

Американскиот окружен суд во округот Колумбиа, донел конечна одлука со која што го укинува именувањето на компанијата за „кинеска комунистичка воена организација“ (CCMC). Xiaomi соопшти дека судот формално ги укина сите ограничувања за американските граѓани и компании да купуваат или држат хартиите од вредност.

Повторуваат дека се благодарни на довербата и поддршката за своите глобални корисници, партнери, вработени и акционери, но и дека отворено, транспарентно, јавно тргувано, независно управувана компанија. Xiaomi продолжува да ги дава своите потрошувачки електронски производи и услуги на корисниците и неуморно ги гради неверојатните производи со добрите цени, со цел сите на светот да уживаат во подобар живот преку иновативна технологија, порачуваат од Xiaomi.