Valve ја спрема PC конзолата по примерот на Nintendo Switch

Објавено на 27.05.2021 во Игри



Valve ја спрема PC конзолата по примерот на Nintendo Switch

Основачот на Valve, Гејб Невел, за време на една конференција објавил дека се уште не се знае дали игрите од Steam ќе може да играат на конзоли или ќе останат резервирани само за компјутери. Тоа ќе се знае до крајот на 2021 година. 

Зад коментарот веројатно се крие играчката конзола што ја спрема Valve, сметаат експертите. Според гласините објавени оваа недела, Valve развива некој вид на преносен персонален компјутер, кој ќе биде сличен со конзолата на Nintendo Switch. Би мжеле да очекуваме мал екран од 9 инчи, сместен во куќиштето со џојстици и типки за управување со игри или таквиот хардвер со управувач може да се поврзе со таа конзола.