Иран забранува копање на биткоин поради проблеми со снабдување на електрична енергија

Објавено на 27.05.2021 во Новости



Иран забранува копање на биткоин поради проблеми со снабдување на електрична енергија

Вредноста на криптовалутите во последните неколку месеци порасна значително, што повторно привлече голем интерес кај малите и големите инвеститори. Најавата на кинеската влада дека нема да им дозволи на финансиските институции учество во трансакции поврзани со кирптовалути, ги обои криптоберзите во црвено и имаше многу загуби. 

Објавата на Илон Маск дека Tesla автомобил нема да можете веќе да купувате со биткоини, ја фрли криптоберзата во дупка, а вложувачите во очај. За кратко време беа збришани милијарди долари. Иранскиот претседател Хасан Рухани најави дека неговата земја ќе забрани копање на биткоини и други криптовалути до 22 септември. Во последните неколку месеци во Иран се забележани недостатоци на електрична енергија во бројни градови во Иран, вклучувајќи го и Техеран, а една од причините е рударењето со криптовалути, процес со кој се трошат големи количини на струја.