Amazon најави преземање на MGM за 8,45 милијарди долари

Објавено на 28.05.2021 во Новости



Amazon најави преземање на MGM за 8,45 милијарди долари

Amazon ја најави својата втора најголема аквизиција досега, преземање на MGM. Новата аквизиција ќе тежи неверојатни 8,45 милијарди долари. Четири години порано, компанијата на Безос го изврши најголемото купување во својата историја, кога го презема Whole Foods за цена од 13,7 милијарди долари.

MGM има каталог со 4 илјади филмови и телевизиски емисии. Од Amazon велат дека најголемата финансиска вредност на оваа аквизиција е токму интелектуалната сопственост и големиот каталог што планираат да го редизајнираат и развијат со помош на „талентираните екипи на MGM“.