Достапна е нова опција за снимање фотографии од Gmail директно во Google Photos

Објавено на 28.05.2021 во Новости



Достапна е нова опција за снимање фотографии од Gmail директно во Google Photos

Gmail можеби е најкористениот сервис за мејл услуги покрај Google. Сега има нова опција што ќе го олесни животот на корисниците на Gmail и тие што ги меморираат фотографиите и им прават backup во Google Photos. 

Досега корисниците можеа брзо да меморираат фотографии од Gmail на Google Drive. Сега можете директно да ги снимате сликите на Photos. Се што треба е да ја отворите сликата на вашиот Gmail профил и таа автоматски се меморира на Photos. Можете исто така и да кликнете на трите точки во горниот десен агол и потоа на Save in Photos. За сликите моментално има ограничување само за JPEG слики, додека не важи и за други како што е на пример PNG формат.

Автор: Aleksandar Stankov