Се појавија Samsung Galaxy Buds 2 слушалките

Објавено на 28.05.2021 во Новости



Се појавија Samsung Galaxy Buds 2 слушалките

Samsung Galaxy Buds 2 безжичните слушалки најверојатно ќе пристигнат наскоро во наредниот период бидејќи веќе се појавија како дел од процесот на одобрување од FCC.

Според објавената апликација новите Samsung Galaxy Buds 2 безжични слушалки ќе имаат батерија со капацитет од 500 mAh што ветува одлична издржливост од повеќе дена активна работа.

Исто така за Samsung Galaxy Buds 2 е познато дека ќе имаат ANC, IR сензор за подобри команди и синхронизација со смартфони, издржливост од попрскување со вода, како и квалитетен звук.