Кои новитети доаѓаат во Google Messages?
Објавено на 28.05.2021 во Новости
Google наскоро ќе лансира нова верзија на апликацијата за допишување и испраќање SMS пораки со неколку интересни новитети.
Веќе во тест фаза се опциите Pin и Star за Google Messages. Тоа значи дека корисниците на Google Messages ќе може да ги закачат пораките кои им се важни на врвот на листата.
Исто така ќе може со ѕвездичка да ги обележат омилените пораки за потоа да може полесно да ги најдат.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.