Фарма за биткоини разоткриена, полицијата се сомневала во одгледување канабис

Објавено на 29.05.2021 во Новости



Фарма за биткоини разоткриена, полицијата се сомневала во одгледување канабис

Британската полиција во акција уапсила илегални копачи на биткоин, но првично се сомневала дека илегално се одгледува канабис, со оглед на тоа колку луѓе излегувале и влегувале во објектот. Пред акцијата, полицијата открила дека фармата емитирала голема топлина околу неа, па затоа била сигурна дека се работи за марихуана.

Запленета била целата опрема, а за „копањето“ биткоини била потрошена електрична енергија во вредност од над 100.000 фунти. Се разбира, електричната енергија била крадена, која напојувала 100 компјутери за копање криптовалути