Twitter ќе воведе реакции исто како Facebook
Објавено на 30.05.2021 во Новости
Twitter најверојатно ќе воведе нови реакции за поставување на објавените твитови, слично како што корисниците на Facebook може да реагираат со различни емотикони на објавените постови.
Идејата е да се воведат повеќе емотикони кои на корисниците ќе може да им овозможат различни реакции како среќа, смеа, тага, зачуденост и поддршка, но најверојатно не и негативни реакции како противење или „дислајк“.
Засега опцијата е во фаза на тестирања и во зависност од насоките на заедницата на корисници Twitter ќе донесе одлука кога и како да ги активира новите емотикони.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.