Samsung Galaxy Tab S8 ќе има и Plus и Ultra модели

Објавено на 30.05.2021 во Новости



Samsung Galaxy Tab S8 ќе има и Plus и Ultra модели

Samsung во текот на летото ќе лансира три нови модели на Samsung Galaxy Tab S8, односно покрај стандардниот таблет ќе ги има на располагање и Samsung Galaxy Tab S8 Plus и Samsung Galaxy Tab S8 Ultra.

Сите три модели ќе припаѓаат на премиум сегментот на пазарот, па така се очекува сите таблети да имаат врвен хардвер составен од осум-јадрен процесор, екрани со 120Hz, скенери за отпечатоци, и издржливи батерии од 8000 до 12000 mAh.

Разликата меѓу таблетите ќе се состои во големината на нивните екрани односно Samsung Galaxy Tab S8 ќе има 11 инчен LCD дисплеј, Samsung Galaxy Tab S8 Plus ќе има 12.4 инчен OLED дисплеј, додека пак Samsung Galaxy Tab S8 Ultra ќе има 14 инчен OLED дисплеј со поддршка за S Pen.