Новата технологија на Xiaomi ја полни батеријата до 100% за само 8 минути!

Објавено на 31.05.2021 во Новости



Новата технологија на Xiaomi ја полни батеријата до 100% за само 8 минути!

Xiaomi ја претстави технологијата со која што батеријата може да се наполни од 0 до 100% за помалку од десет минути. Новата 200W технологија за полнење ја нарекуваат HyperCharge, а демонстрирана е на Mi 11 Pro моделот. 

Како може да се види на видеото, батеријата се полни за само осум минути, а во меѓувреме се полни до 50% за само 3 минути. Кинеската компанија ја претстави и новата технологија за безжично полнење преку 120W HyperCharge технологија за полнење , без поврзување на телефонот со кабел, само мора да стои врз лежиштето за полнење. До стотка може да наполни за 15 минути.