Официјално видео за Sony WF-1000XM4: Новите безжични Bluetooth слушалки

Објавено на 31.05.2021 во Новости



Официјално видео за Sony WF-1000XM4: Новите безжични Bluetooth слушалки

Претходно протекоа слики со Sony WF-10000XM4, но сега имаме и видео за безжичните Bluetooth слушалки. Сега излезе и официјално видео објавено од Sony за TWS слушалките на Reddit. Уредот има Active Noise Cancellation (ANC) спецификација и како што потврдува видеото, има IP-X4 сертификат за водоотпорност, што значи дека сте заштитени од било какви прскања со вода.

WF-10000XM4 има поддршка за Qi безжично полнење, а батеријата ќе трае до 8 часа или 12 часа кога се исклучени ANC. Брзото 5 минутно полнење може да ви овозможи 60 часа моќност, при што режимот Speak-to-Chat на Sony е спомнат во видеото, што може да стави на mute било какво аудио што го слушате кога ќе детектира дека зборувате со некого.Слушалките се со најновиот V1 процесор на Sony, а Google Assistant е интегриран заедно со слушалките. Цената се очекува да биде €279 во Европа.