Кина лансирала летало со залихи за својата вселенска станица

Објавено на 31.05.2021 во Новости



Кина лансирала летало со залихи за својата вселенска станица

Ракетата Longue Marche 7 од 14 тони пренела храна, опрема и гориво и полетала од лансираната точка на Wenchang на јужниот остров Hainan, јавува агенцијата Chine Nouvelle. Леталото успешно се одвоило и влегло во орбитата, поставувајќи соларни панели, додава агенцијата повикувајќи се на извори од Кинеската вселенска агенција (CMSA). 

Вселенската станица се нарекува Tiangong, која означува Небесна палата. Десетина лансирања ќе бидат потребни додека да се заврши монтажата во орбитата, а станицата би требало да почне со работа во 2022 година. Кога ќе биде готова, планирано е да остане во орбитата 15 години. После евентуалното повлекување на Меѓународната вселенска станица (ISS) после 2028 година, Tiangong би можела да стане единствената човечка станица во Земјината орбита.