Rimac конечно ќе го претстави најмоќниот електромобил

Објавено на 31.05.2021 во Новости



Rimac конечно ќе го претстави најмоќниот електромобил

Rimac конечно утре на први јуни ќе го претстави финалниот концепт за долгоочекуваниот електричен автомобил Rimac C Two.  

Хрватскиот стартап на Мате Римац го одложи претставувањето на C Two поради пандемијата откако првата идеја ја презентираше во 2018 година. C Two има речиси 2000 коњски сили.

C Two ќе располага со четири електрични мотори, ќе има полуавтономно управување, ултра модерна технологија и импресивен дизајн дело на Адријано Мудри.

За вториот автомобил на Rimac планирано е производство од 150 модели, а можеби ќе биде лансиран со сосема ново име.

 

Автор: Aleksandar Stankov