НАСА ќе лансира мал сателит што ќе може да го следат сите со апликација

Објавено на 01.06.2021 во Новости



НАСА ќе лансира мал сателит што ќе може да го следат сите со апликација

НАСА со новата мисија Lite Cube ќе лансира сателит што ќе може да го користат сите. Малиот сателит ќе биде малку контролиран од јавноста и ќе пута блиц-светлина за оние што ќе го побараат тоа преку апликација. Се планира да биде лансиран во вселената од 2022 до 2025 година.

Движењето на сателитет во секој момент може да се провери за локација со инсталирана апликација. Корисниците ќе може да побараат од сателитот да се одбележи на небото за точна локација со блиц-светлина. Ова е дефинитивно фасцинантно, затоа што социјалната инклузија во овие настани се зголемува. Меѓутоа, со толкаво осветлување на небото, астрономите имаат потешкотии за проучување на ѕвездите, кои се помалку се видливи поради многубројните сателити. 





Прочитајте повеќе: