Google воведува ограничување за меморирање на фотографии и видеа

Објавено на 01.06.2021 во Новости



Google воведува ограничување за меморирање на фотографии и видеа

Google со години за сите корисници на Google Photo овозможуваше неограничено бесплатно меморирање на фотографии со висок квалитет. Како што најави на крајот на 2020 година, денес стапува во сила големата промена околу пристапот кон мрежата.

Google ја укинува можноста за неограничена меморија и секоја фотографија и видео што ќе ги префрлите на овој сервис, ќе има ограничен простор за меморијата што ја зазема Gmail, Disk и фотографиите. Бесплатниот простор достапен за сите корисници е 15GB, а достапни се и претплатнички верзии во склоп на сервисот Google One. Тој што сака да купи дополнителни 100GB или 10TB меморија, ќе мора да доплати.

Автор: Aleksandar Stankov