Rimac ја претстави Nevera, забрзува до 300км/ч за 10 секунди

Објавено на 02.06.2021 во Новости



Rimac ја претстави Nevera, забрзува до 300км/ч за 10 секунди

Мате Римац официјално го претстави автомобилот на кој деноноќно работеше во последните четири години. Го водела една цел, да го направи најдобриот електричен хиперавтомобил на светот и успеал во тоа. Моделот што досега беше познат под кодното име C_Two, претставен е како Rimac Nevera! 

Компанијата се одлучила за тоа име, затоа што Nevera (мак: неверување) има неверојатни и фантастични перформанси, замислена да биде брза како гром. Автомобилот располага со 1914 КС што му овозможува да забрза до 300км/час за само 9,3 секунди.

Брзинометарот застанува дури на 412км/ч. Автомобилот чини вртоглави 2 милиона евра, а во сериско производство ќе се појават само 150 парчиња Nevera. Како знак на посветеност кон проектот, Мате Римац лично ќе го тестира и потпише секој примерок пред да се достави до купувачите.