Perseverance досега направи 75 илјади слики за 100 дена на Марс

Објавено на 02.06.2021 во Новости



Perseverance досега направи 75 илјади слики за 100 дена на Марс

Роверот Perseverance престојува точно 100 дена на планетата Марс, откако слета. НАСА преку роверот бара древни форми на живот на Марс, ја истражува геологијата и поранешната клима на планетата. Еден ден на Марс, или како што се нарекува, еден сол на Марс, трае 24 часа и 40 минути.

Роверот на Марс направи 75.000 фотографии од моментот кога се спушти во кратерот Језеро на 18 февруари. За прв пат беше снимен звук на Марс и екипата успеа да направи кислород од јаглероден диоксид. Минијатурниот хеликоптер Ingenuity исто така има голем успех зад себе, кој направи неколку летови над површината на Марс.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: