Нов успех на Кинезите, фузискиот реактор задржа плазма од 160 милиони степени Целзиусови

Објавено на 02.06.2021 во Новости



Нов успех на Кинезите, фузискиот реактор задржа плазма од 160 милиони степени Целзиусови

Кинеските медиуми објавија дека кинескиот проект со нуклеарната фузија или вештачкото сонце како што го нарекуваат во Кина, успеало да створи и да задржи уште потопла плазма од неверојатни 160 милиони степени Целзиусови, во рок од 20 секунди.

Ова не е долг временски период, но сепак е висок рекорд во потрага по одржливата нуклеарна фузија. Следниот чекор на кинеските научници е да се обидат да ја задржат плазмата на тие топлини и до една недела без прекин.