YouTube тестира две нови опции за мобилни уреди: loop и clip

Објавено на 02.06.2021 во Новости



YouTube тестира две нови опции за мобилни уреди: loop и clip

YouTube тестира нови опции, но само за мобилите верзии на својата апликација, кои би требало да го подобрат искуството при користење на видео сервисот. Првиот новитет моментално се тестира само за Google Android и станува збор за “loop” опцијата, односно овозможување на повторување на видеата.

Опцијата ќе биде корисна за многумина што слушаат иста песна неколку пати или го гледаат истото видео неколку пати по ред. Наместо рачно да мора да го вклучувате истиот видео запис постојано, со активирање на опцијата loop, YouTube само ќе ви го повторува видеото. Другиот новитет е опцијата “clip”, која што не е резервирана само за Android, туку е достапна и за некои корисници на Apple. “Clip” ви овозможува да креирате исечоци од постоечки видеа од YouTube и од нив да креирате нови исечоци во максиум времетраење од 60 секунди.





Прочитајте повеќе: