Ferrari SF90 нема никакви шанси против Rimac Nevera!

Објавено на 02.06.2021 во Новости



Ferrari SF90 нема никакви шанси против Rimac Nevera!

После 13 часа официјално објавени информации за Rimac хиперавтомобилот, на интернет се појавија и првите рецензии и видеа што ги објавиле новинарите што минатиот месец имале прилика да ја тестираат Nevera во Хрватска. 

Спецификациите на Nevera, како што објавивме претходно, се со максимална брзина од 412 км/час, со дури 1924 коњски сили и вртежен момент од 2360 нм, забрзување до 100 км/ч за помалку од 2 секунди и до 300 км/ч за само 9,3 секунди. Најдобро може да видите на видеото како се покажа Rimac Nevera во пракса во трката со Ferrari SF90. Како што претпоставивте, Ferrari нема шанси против Rimac и во неколку трки SF90 остана на ретровизорот на Rimac.