Huawei го промовираше HarmonyOs

Објавено на 02.06.2021 во Новости



Huawei го промовираше HarmonyOs

Денеска Huawei го лансираше официјално новиот HarmonyOs оперативен систем којшто ќе се користи на сите уреди започнувајки од мобилните уреди, таблети, паметни часовници, како сите паметни уреди, паметни Тв, паметни уреди во кујната итн. Со помош на овој систем само на еден допир ќе може да се поврзат сите уреди и да се контролираат од супер уред.

Поврзувањето е многу едноставно, едноставно со поврзување на уредот и влечење кон центарот на супер уредот. Нотификациите и поставките лесно може да се контролираат од самото мени, без да се навлага до напредните прилагодувања.

На овој настан беше претставен и Huawei Watch 3, кој што работи на HarmonyOs оперативен систем и има 3D ротирачка круна за контола на паметниот часовник, заедно со одличен дизајн и многу корисни услуги.

Овој паметен часовник ви овозможува еSim како и слушање на музика streeming без претходно да ги преземете песните. Овој уред може да биде целосно независен од телефонот, дури и за плаќање како и за снимање видео, сликање, префрлање на повици итн.  Ова е првиот часовник кој што ја мери човековата температура и може да го повика вашиот доктор, доколку имате животно загрозувачка ситуација со вашето здравје.

Како ви се допагаат новите продукти на Хуавеи?