Маск се правда за поскапите цени на автомобилите на Tesla

Објавено на 02.06.2021 во Новости



Маск се правда за поскапите цени на автомобилите на Tesla

Илон Маск новото поскапување на цените на автомобилите на Tesla ги оправда со проблемите во синџирите на достава на компоненти за автомобилската индустрија.

На глобално ниво постои голем недостиг на чипсети и процесори кои се користат за сензорите и системите за електричните автомобили на Tesla, а исто така се зголемени и цените на компонентите што предизвика бран на поскапувања.

Компанијата Tesla доби критики дека иако ги зголемила цените на моделите, нивната испорака доаѓа со компромиси во внатрешните компоненти и додатната опрема која претходно беше стандардна.