НАСА планира две мисии на Венера во 2028 година

Објавено на 03.06.2021 во Новости



НАСА планира две мисии на Венера во 2028 година

Магелан беше првиот вселенски брод на НАСА што ја мапираше површината на Венера во 1990 година, а сега ги објави и своите планови за 2028 година. Две мисии ќе изведе НАСА во периодот од 2028 до 2030 година, со цел да ја проучи атмосферата и геолошките карактеристики, на нашата „сестринска планета“.

За овие проекти ќе бидат обезбедени 500 милиони долари. Едната мисија се нарекува DAVINCI+ (кратенка за Длабоко проучување на благородните гасови на Венера), а другата е VERITAS (емисии, радио наука, InSAR, топографија и спектроскопија на Венера). DAVINCI+ ќе го мери составот на атмосферата на Венера, со цел да се утврди како еволуирала, а VERITAS ќе ја мапира површината на планетата од орбитата со цел да се утврди нејзината геолошка историја.