Roboat е роботски чамец што ќе вози низ каналите на Амстердам

Објавено на 04.06.2021 во Новости



Roboat е роботски чамец што ќе вози низ каналите на Амстердам

Експертите од Институтот во Амстердам во соработка со научниците од Институтот за технологија (МИТ) во Масачусетс од САД, работат на проектот Roboat. Roboat е смислен робот за самостојно да извршува задачи во каналот на Амстердам, со должина од 100 километри. 

Роботскиот чамец ќе може да превезува патници и да транспортира смет, со мала брзина, најмногу до 6км/ч, со помош на пропелер и четири придвижувачи со напојување на електрична енергија. Тие се контролираат далечински со компјутер, со помош на податоци од камери и сензори што ги скенираат предметите и патиштата околу чамецот. Робо-чамците се модуларни и лесно може да се прилагодуваат за превоз на товар и луѓе. За да се усоврши оваа технологија потребни се уште 4 години.