Моќната Take Two ја купи српска Nordeus за речиси 400 милиони долари

Објавено на 04.06.2021 во Новости



Моќната Take Two ја купи српска Nordeus за речиси 400 милиони долари

Take-Two влегува на пазарот на мобилни и веб видео игри за фудбал благодарение на големата аквизиција вредна речиси 400 милиони американски долари со преземањето на српската компанија Nordeus.

Take-Two дел од средствата ќе ги исплати во готово на, а остатокот ќе биде исплатен како акции на основачите на Nordeus со што се стигнува до потенцијалната вредност на преземањето.

Take-Two е една од најмоќните гејминг компании во светот која има две студија за видео игри и тоа Rockstar и 2K, пазарната вредност и изнесува околу 13 милијарди долари и стои зад франшизи како GTA, Borderlands, Red Dead и многу други со годишен промет од 3 милијарди долари.

Инаку Nordeus е основана во 2010 година, е компанија за развој на игри за социјални мрежи и мобилни телефони, со седиште во Белград и канцеларии во Лондон, Даблин, Сан Франциско и Скопје.