Facebook го суспендирал профилот на Трамп на две години

Објавено на 05.06.2021 во Новости



Facebook го суспендирал профилот на Трамп на две години

Facebook објави дека суспензијата, која што ќе трае најмалку две години од 7 јануари оваа година, кога профилите на Трамп веќе биле привремено блокирани поради нередот во Капитол, може да бидат укинати само доколку се намали ризикот за јавната безбедност.

Трамп ја категоризираше суспензијата од Facebook како навреда за Американците што гласале за него. Facebook известува дека постапките на Доналд Трамп се сериозно прекршување на нивните правила. Гигантската социјална мрежа веќе нема да им дава имунитет на политичарите за лажна или навредлива содржина, само затоа што нивните коментари често се главна вест во светот. 

Автор: Aleksandar Stankov