Google најави промена што ќе им го отежни следењето на корисниците на Android
Приватноста на корисниците во оваа дигитална ера е сведена на минимум, затоа последниве години државите почнаа да ги притискаат компаниите поубаво да ги известуваат корисниците за подесувањето на апликациите со цел да престанат да ги следат нивните активности.
Google заработува најмногу од огласувањето на Android, кој овозможува забрана на апликациите да ги следат онлајн активностите на корисниците. Корисниците на Android и сега имаат опција за оневозможување на персонализирани огласи, но и покрај тоа девелоперите имаат пристап кон Advertising ID, преку која тие го следат користењето на апликациите, и имаат увид во следењето и блокирањето на лажниот сообраќај кон апликацијата.
Google веќе го оневозможува таквиот пристап кон корисниците преку Advertising ID за девелоперите и огласувачите, а промената стапува во сила кон крајот на оваа година, со Android 12.