Дали ќе биде разоткриен Илон Маск?

Објавено на 05.06.2021 во Новости



Дали ќе биде разоткриен Илон Маск?

Илон Маск е под истрага на американската Комисија за хартии од вредност поради објавата на серија на твитови поврзани со криптовалутите за кои се претпоставува дека се направени злоупотреби.

Претходно Маск постигнал согласност со американските власти дека сите негови твитови поврзани со финансиските текови на компанијата ќе бидат одобрени од адвокат.

Но, тоа не било случај со последната серија на твитови кои предизвикаа најпрво рекорден раст на вредноста на биткоинот, а откако Маск го искритикува копањето со трошење на електрична енергија произведена од фосилни горива, криптовалутата биткоин повторно паѓаше со што многумина инвеститори изгубија многу од вредноста.

Поведена е истрага за шпекулативно влијание врз финансиските текови предизвикана од Илон Маск. Се претпоставува дека Tesla заработи неколку милијарди за краток период со откупот на биткоини и добивање на голема добивка кога нивната вредност рушеше рекорди.

Нов канал на Anonymous за кои не може да се тврди дека се поврзани со оригиналната хактивистичка организација упати закани дека наскоро Маск ќе биде разоткриен за сите злоупотреби и штети кои им ги предизвикува на инвеститорите на пазарите на криптовалути.