Xiaomi Mi 9 SE започна со Android 11 надградбата

Објавено на 06.06.2021 во Новости



Xiaomi Mi 9 SE започна со Android 11 надградбата

Xiaomi ја започна надградбата на Xiaomi Mi 9 SE со најновата верзија на оперативниот систем Android 11 со што корисниците ќе имаат пристап до најновите софтверски решенија.

Xiaomi Mi 9 SE како поевтина верзија на премиум моделот од пред две години првично беше лансиран со Android 9 оперативниот систем, што значи дека е веќе втора голема софтверска надградба. 

Xiaomi доставата на новиот софтвер ја започна за кинеската верзија на Xiaomi Mi 9 SE, а потоа во наредните денови ќе пристигне и кај останатите региони.

Автор: Aleksandar Stankov