YouTube тестира ем видеа во full screen ем преглед на коментари

Објавено на 06.06.2021 во Новости



YouTube тестира ем видеа во full screen ем преглед на коментари

YouTube започна со тестирање на нова опција која на корисниците им овозможува додека гледаат видеа во full screen во легната положба на смартфонот да може да скролаат истовремено и низ коментарите.

Во принцип оваа опција не нуди нешто атрактивно ново бидејќи видеото се прикажува на половина панел од левата страна на екранот, додека пак коментарите се скролаат од десната страна.Корисникот штом ги прочита сите коментари може да се врати на гледање на видеото во стандардна големина.