Ист профил на WhatsApp ќе може да го приклучувате на 4 уреди

Објавено на 07.06.2021 во Новости



Ист профил на WhatsApp ќе може да го приклучувате на 4 уреди

Одлични вести за сите 2 милијарди корисници на WhatsApp, со неколку новитети. Првата новост е поддршката за повеќе уреди со цел да може еден профил да се користи на четири различни уреди на WhatsApp. Она што се уште не е потврдено, е поддршката за Apple iPad. Се уште не е познато кога компанијата ќе воведе поддршка за повеќе уреди, но Цукерберг вели дека ќе биде наскоро.

„Голем предизвик е да се развие поддршка за повеќе уреди, на кои сите пораки ќе се синхронизираат дури и кога ќе ви снема батерија“, вели Марк Цукерерг.

Пораките и понатаму ќе имаат end-to-end енкрипција, вели Цукерберг. Покрај поддршката за повеќе уреди, екипата од WhatsApp активно работела и на дополнителни опции за пораките што исчезнуваат.