Цената на Samsung Galaxy S21 FE е објавена, се очекува во август

Објавено на 07.06.2021 во Новости



Цената на Samsung Galaxy S21 FE е објавена, се очекува во август

Претстојниот Samsung Galaxy S21 FE (Fan Edition) модел ќе биде повеќе ценовно прифатлив во споредба со Galaxy S20 FE, според најновите информации од експертите, кои што не се официјално потврдени. Новиот модел се очекува да биде со цена од $630 до $720. 

Galaxy S21 FE наводно ќе биде промовиран како наследник на премиум серијата Note 20. Се уште не е сигурно, но може да се очекува и дека S21 FE би бил компатибилен со S Pen стилусот, врз основа на информациите што тој ќе биде наследникот на Note линијата, за која беше карактеристичен стилусот.

Galaxy S21 FE се очекува да биде претставен во август и ќе биде пуштен во продажба истиот месец. Најверојатно ќе има 120Hz екран со 6.4-инчи и Qualcomm Snapdragon 888 процесор, 6GB / 8GB RAM меморија и 128GB / 256GB внатрешна меморија, со напојување од 4,500mAh батерија.