Дали би купиле портокалов iPhone 13?

Објавено на 07.06.2021 во Новости



Дали би купиле портокалов iPhone 13?

Apple познат по тоа што планира минимални измени и подобрувања на хардверот, годинава поголем фокус ќе стави на дизајнот, па така новиот iPhone 13 ќе биде достапен во невообичаена боја досега.

iPhone 13 според информациите на Јан Зелбо ќе биде лансиран со портокалова боја на маската. Претходните години Apple ја додаваме зелената и сината боја како нешто различно од достапните црна, златна, сребрена и итн.

Најверојатно портокаловата боја ќе биде наменета за основниот модел на iPhone 13 кој ќе биде најевтин, а со тоа и повеќе достапен за помладите. iPhone 13 Pro и iPhone 13 Max ќе располагаат со покласични надворешни бои.