Twitter го спрема новиот претплатнички сервис, со кого корисниците ќе заработуваат

Објавено на 08.06.2021 во Новости



Twitter го спрема новиот претплатнички сервис, со кого корисниците ќе заработуваат

Twitter го претстави претплатничкиот сервис Twitter Blue, кој моментално е достапен само во Канада и Австралија, со цел да се испита каков интерес ќе има. Уште од порано ја претставија и алатката за објавите на корисниците на Twitter - Tip Jar.

Тоа не се единствените новитети, на кои што екипата од Twitter работела во последно време. Уште од порано на мрежата кружеле гласини за опцијата на суперследбениците преку кои корисниците со голем број на следбеници би можеле да почнат да го наплатуваат пристапот кон дополнителна содржина.

Основното искуство од користењето на Twitter би требало да остане непроменето, но следбениците за одреден месечн претплатнички износ ќе добијат пристап кон дополнителна содржина. Програмата Super Followers ќе биде овозможена само за корисници со над 10 илјади следбеници, кои во последните 30 дена објавиле најмалку 25 твитови и се постари од 18 години.