Францускиот регулатор го казни Google со 220 милиони евра

Објавено на 08.06.2021 во Новости



Францускиот регулатор го казни Google со 220 милиони евра

Францускиот регулатор го казни Google со 220 милиони евра поради злоупотреба на положбата на пазарот за рекламирање преку интернет, што Google го поттикна да промени некои од своите широко користени онлајн рекламни услуги. Како што стои во објаснувањето на француските регулатори, паричната казна е одредена откако истрагата утврдила дека Google ја злоупотребил својата доминантна положба на пазарот и приморал некои од големите издавачи да користат исклучиво негови алатки за рекламирање.

Во текот на истрагата се фокусирале на алатки што Google ги нуди на издавачите со цел да продаваат и управуваат со интернет огласите на своите страници. Истрагата покажала дека Google Ad Manager, платформата за управување со реклами, им давала предност на платформата AdX во сопственост на Google, на која издавачите продаваат простор на огласувачите на своите страници. 

Одлуката за санкционирање на Google е исклучително важна, затоа што тоа е првата одлука во светот, која што се фокусира на комплексен алгоритамски процес со аукција на која се потпира интернет рекламирањето. Паричната казна била намалена поради спогодба.