Речиси невозможно е да го оневозможите Google во следењето на локацијата на корисниците!?

Објавено на 08.06.2021 во Новости



Речиси невозможно е да го оневозможите Google во следењето на локацијата на корисниците!?

Како можете да ја исклучите опцијата за следење на локацијата на Google сервисите? Државниот обвинител на Аризона, Марк Брнович, вели дека тоа е речиси невозможно. Таков впечаток стекна при проучувањето на тужбата која САД ја подигна против Google.

Порано пишувавме дека документите демонстрираат дека Google продолжил да ја следи локацијата на корисниците на Android, дури и кога тие ја исклучиле таа опција, а наводно од производителите на мобилни побарале за опцијата за приватност на своите уреди да ја закопаат што е можно подлабоко, со цел корисниците да може потешко да ја пронајдат.

Брнович изјавил дека Google со своето однесување, т.е. со собирање на локациските информации дури и кога тие биле исклучени, го прекршил законот за заштита на потрошувачите, затоа што собира куп информации за корисниците, а во суштина не им дава можност да не прифатат на тие опции за следење.