Кога пристигнува Apple AR хедсетот?

Објавено на 08.06.2021 во Новости



Кога пристигнува Apple AR хедсетот?

Apple има големи планови за новата технологија базирана на виртуелна и пренесена реалност, но хардверот се уште не е подготвен за масовна продажба.

Според информациите со кои располага аналитичарот Минг Чи Ку, првиот Apple AR хедсет треба да пристигне во текот на 2022 година односно нешто порано од првичните прогнози.

Apple AR хедсетот ќе има 15 вградени камери, два microLED екрани изработени од Sony, ќе има проѕирни стакла за пренесена реалност и ќе има поддршка за VR содржини, поточно комбинација на двете технологии. 

Цената на Apple AR се очекува да изнесува над 1000 долари, а за да се активира ќе мора да се поврзе со квалитетен лаптоп или десктоп компјутер.