Nokia C01 Plus претставен како дел од Android 11 Go Edition програмата

Објавено на 09.06.2021 во Новости



Nokia C01 Plus претставен како дел од Android 11 Go Edition програмата

HMD продолжува пријатно да изненадува во најосновната класа се претставувањето на новиот смартфон Nokia C01 Plus кој е дел од Android 11 Go Edition, односно има максимално оптимизиран софтвер и перформанси.

Nokia C01 Plus располага со 5,4 инчен HD Plus дисплеј со размер од 18:9 и е еден од ретките нови смартфони со рамки на врвот и дното, односно на горната страна е вметната селфи камерата од 5 мегапиксели, а не во самиот екран.

Nokia C01 Plus работи со осум-јадрен процесор, има 1 GB RAM, 16 GB вградена меморија, Face ID, како и 5 мегапикселна главна камера, а ќе се продава по цена од 75 евра.

Автор: Aleksandar Stankov