Google, Vivo и Xiaomi излегуваат со преклопни смартфони кон крајот на 2021

Објавено на 09.06.2021 во Новости



Google, Vivo и Xiaomi излегуваат со преклопни смартфони кон крајот на 2021

Доаѓаат подобри денови за телефоните на преклоп. После информацијата дека Samsung Z Fold и Z Flip ќе бидат до 20% поевтини во споредба со претходната генерација, сега кружат гласини на интернет за другите телефони од други компании. Сите вести се поврзани со Samsung, оти компанијата Samsung Display би требало да биде снабдувач за екраните на другите мобилни производители.

Според последните гласини Samsung би требало да започне со производство на флексбилни екрани за партнерите во текот на октомври оваа година. Така, претставувањето на самите телефони ги очекуваме до крајот на 2021 година. Најмногу протечени информации досега имаме за Google Pixel Fold. Уште пред две години од Google говореле дека развивале прототипови на телефони со екрани на превиткување, но тогаш коментираа дека немаат вистинска цел за која тие телефони би се употребувале.

Изгледа дека конечно ја откриле целта и затоа развиваат телефон со екран на превиткување со кодно име Passport. Телефонот би имал сличен екран како Galaxy Fold 2, дијагонала со 7,6 инчи што ќе се затвара кон внатрешната страна. Google годинава ќе ги претстави и новите модели: Pixel 6, Pixel 5a и 5a 5G, кои би требало да бидат првите уреди со сопствен процесор на Google. За Xiaomi се уште нема информации, додека Vivo ќе биде со надворешен екран од 6,5 инчи, кој со отварањето ќе се претвори во 8-инчен таблет.