Бајден ги повлече уредбите за забрана на TikTok и WeChat од Трамп

Објавено на 10.06.2021 во Новости



Бајден ги повлече уредбите за забрана на TikTok и WeChat од Трамп

Американскиот претседател Џо Бајден повлече низа претседателски уредби, со кои што неговиот претходник Доналд Трамп сакаше да го забрани преземањето на апликациите WeChat и TikTok и нареди на министерството за трговија да изработи анализа на безбедносни ризици што ги претставуваат и сличните апликации.

Администрацијата на Трамп сакала да го оневозможи ширењето на мрежата на корисници и да забрани други технички трансакции на двете социјални мрежи во кинеска сопственост, кои оцениле дека тоа всушност значи и негово блокирање во САД. Судот ги забрани претседателските уредби на Трамп, кои поради тоа никогаш и не стапија во сила. 

Посебната безбедносна проверка на TikTok останува активна од 2019 година, вели службеник од Белата куќа. Администрацијата е се уште загрижена за безбедноста на приватните податоци на корисниците на TikTok, вели друг службеник. TikTok одби да коментира, a WeChat се уште не ја коментирал оваа вест.

Автор: Aleksandar Stankov