Знаете ли зошто одредена содржина ви се прикажува на Instagram?

Објавено на 10.06.2021 во Новости



Знаете ли зошто одредена содржина ви се прикажува на Instagram?

На официјалниот блог на Instagram, првиот човек на компанијата Адам мосери, објасни дека алгоритмите се тие што стојат зад објавите што ги гледате на Instagram, а тие се многу комплицирани.

Тој вели дека Instagram користи различни алгоритми, сигнали и процеси, од кои секој има своја улога при одлучување за тоа што ќе им се прикаже на корисниците.

Најважниот сигнал за социјалната мрежа е самата објава, колку е популарна и колку корисници ставиле лајк. Вторниот најважен сигнал се однесува на лицето што ја објавила содржината и колку сте поврзани со таа личност, колку ви се важни нејзините објави и колку пати во последно време сте имале интеракции со таа личност.

Следниот сигнал е активноста на корисниците, врз база на алгоритам се одлучува која содржина е важна, врз основа на историјата во интеракциите со другите корисници.